Градинка
Учење и растење преку македонската наставна програма за деца на возраст од 6 месеци до 6 години.

Основно
и
Средно училиште
Наскоро

WINGS Меѓународна градинка и училиште е сместено во населбата Козле, во општина Карпош.
Зошто WINGS е навистина посебен?
Интернационална градинка и училиште WINGS се приватна градинка и приватно училиште во Скопје, лоцирано во населба Козле, општина Карпош.
Нашето училиште и градинка се место каде децата растат радосно, безбедно и охрабрено да го откриваат светот околу себе.
Работиме во мали групи со индивидуален пристап кон секое дете. Веруваме дека секое дете учи на свој начин, со свој ритам и со многу љубопитност.
Нашиот тим од воспитувачи и наставници е посветен на тоа децата да се чувствуваат сигурно, сакано и поддржано секој ден и во секоја активност.
Во WINGS поттикнуваме учење преку игра, креативност, движење и секојдневни животни ситуации. Го негуваме македонскиот и англискиот јазик, а програмата е создадена така што децата природно развиваат љубов кон учењето.
Покрај грижата и наставата, ние се грижиме и за здрава исхрана, чиста и безбедна средина и топла семејна атмосфера.
Нашата визија е секое дете да се чувствува подготвено, сигурно и радосно кога прави нов чекор напред, било во градинка или во училиште.
WINGS не е само училиште – тоа е место каде што децата напредуваат во средина создадена за нивниот успех.
Посетете нè и уверете се сами!