
Бесплатна работилница за родители
„Мали чекори до силен имунитет“
Интернационална градинка WINGS, во соработка со Рес Хумана,
Ве поканува на бесплатна работилница за родители на тема:
„Мали чекори до силен имунитет“, која ќе ја води д-р Ѓорѓи Вановски.
Работилницата ќе се одржи во сабота, на 8 ноември 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Интернационална градинка WINGS во Скопје.


За што ќе зборуваме?
Настинките се најчестата причина поради која децата изостануваат од градинка, а кај родителите создаваат чувство на грижа и неизвесност. На оваа интерактивна работилница ќе дознаеме:
- Што претставуваат настинките и како можеме да ги препознаеме;
- Кои се најчестите предизвикувачи и како да го намалиме ризикот;
- Како се дијагностицира и третира настинката;
- Кои се можните компликации;
- Како да го зајакнеме имунитетот кај децата преку здрава исхрана, рутина, физичка активност и природни додатоци;
- Пет чекори за подобар имунитет и подобро здравје на целото семејство.
Во рамките на работилницата ќе следи и дискусија со родители, каде ќе можете да поставите прашања и да добиете конкретни препораки од докторот.
Оваа работилница е дел од програмата на WINGS за поддршка на родителството, преку која создававаме заедница што се грижи за здрав и среќен детски развој.
📅 Датум: Сабота, 8 ноември 2025 година
🕒 Почеток: 11:00 часот
📍 Локација: Интернационална градинка WINGS, Скопје
Учеството е бесплатно, но бројот на места е ограничен.
