
Зошто децата често често настинуваат во градинка
и што можеме да направиме да го спречиме тоа?

Кога детето првпат започнува во градинка, речиси секој родител има едно исто прашање: Дали моето дете често ќе настинува? Настинките и вирусите се дел од секојдневието на најмалите, особено во периодот од есен до пролет, кога времето е променливо, а контактите меѓу децата се најчести.
Ова е и една од најчестите теми за разговор меѓу родителите и воспитувачите во сите приватни и државни градинки.
Зошто градинките имаат „лош глас“ кога станува збор за настинки?
Во градинките децата се во близок контакт. Играат, споделуваат играчки, учат да се грижат едни за други. Но токму оваа блискост создава услови вирусите полесно да се пренесуваат. Имаме и уште еден важен фактор: детскиот имунитет сè уште се развива, особено кај децата под пет години, кои првпат се среќаваат со нови вируси.
Сепак, треба да знаеме дека овие настинки се нормален дел од растењето и всушност му помагаат на имунитетот да созрее.
Што прават градинките за да ги заштитат децата?
Иако целосна заштита од вируси не постои, квалитетните градинки постојано преземаат мерки за да го намалат ризикот.
Во Интернационална градинка WINGS, посветеноста кон здравјето и хигиената е еден од најважните приоритети. Нашиот тим верува дека здрава средина е првиот чекор кон среќно дете.
Еве дел од мерките кои секојдневно ги спроведуваме:
- Хигиената е на највисоко ниво. Играчките, мебелот и просториите се стерилизираат со машини за пареа, без употреба на агресивни хемикалии.
- Воздухот во просториите постојано се обновува преку рекуператори — систем кој внесува свеж воздух однадвор, прочистен низ HEPA филтри. Така се намалува ризикот од вируси во затворен простор.
- Ги следиме сите препораки од Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и од Институтот за јавно здравје.
Во WINGS, на децата ги чуваме како свои. Кога некое дете ќе се разболи, тоа не е само грижа на родителите , туку наша. Затоа постојано бараме начини како да ја направиме нашата градинка уште побезбедна, почиста и потопла за секое дете.
Како да го изградиме имунитетот кај децата?
Многу родители се фокусираат на разни суплементи и сирупи за имунитет, кои се важни, но не е единствено решение.
Имунитетот се гради со здрава исхрана, сон, игра, свеж воздух, двужење, љубов и рутина. Децата кои спијат доволно, имаат здрава исхрана и се чувствуваат прифатени и сакани, имаат посилен природен имунитет.
Бесплатна работилница за родители: „Како да го зајакнеме имунитетот на децата“
Бидејќи оваа тема е важна и чувствителна, Интернационална градинка WINGS во соработка со Рес Хумана, организира отворена и бесплатна работилница со доктор, каде ќе зборуваме за практични начини како да ги поддржиме децата во сезоната на настинки.
Работилницата е наменета за родители и вработените во градинките — затоа што веруваме дека здравјето на децата е заедничка одговорност.
