
Како да ги поттикнеме децата на предучилишна возраст
да останат активни и во зима

Кога пристигнуваат студените денови, прашањето што многу родители си го поставуваат е како да ги задржат децата активни кога времето не дозволува игра на отворено. Во Интернационалната градинка WINGS во Скопје веруваме дека движењето е суштински дел од детскиот развој. Зад секое трчање, скокање или игра постои нешто многу подлабоко – развивање на моториката, концентрацијата, социјалните вештини и самодовербата.
Со цел да им помогнеме на родителите да пронајдат едноставни начини за поттикнување на активност и во зимските месеци, ја организираме онлајн родителската работилница „Движење за развој: Како да ги поттикнеме децата да останат активни и во зима“. Работилницата е дел од нашата програма за поддршка на семејствата и промовирање на здрави навики кај децата.
Движењето не е само физичка потреба, туку и начин на учење. Преку движење и игра, децата развиваат самодоверба, ја поттикнуваат креативноста и учат да соработуваат со своите врсници. Кога детето се движи, учи полесно, мисли покреативно и се чувствува посреќно.
На работилницата родителите ќе можат да научат зошто движењето е важно и како преку секојдневни активности се гради детската самодоверба. Ќе бидат споделени идеи за игри и активности што може да се изведуваат дома, дури и кога надвор е студено или загадено. Родителите ќе добијат практични совети за тоа како да ја одржат мотивацијата кај децата и како целото семејство може да се вклучи во движењето.
Предавач на работилницата ќе биде Мартин Мојсовски, наставник по физичко воспитание во Интернационална градинка WINGS кој секојдневно ја претвора физичката активност во радосно учење. Специјален гостин ќе биде Дамјан Трајановски од Dive Kids Club, кој ќе го претстави својот прирачник за активности и ќе сподели професионални согледувања за важноста на движењето кај децата.
Во Интернационалната градинка WINGS во Скопје движењето е еден од основните принципи на програмата. Нашата образовна филозофија се темели на идејата дека децата учат најдобро кога се активно вклучени, кога истражуваат и кога нивното тело е во хармонија со умот и емоциите.

Родителите можат бесплатно да се пријават на работилницата преку онлајн формулар. Бројот на места е ограничен со цел да се обезбеди интерактивен и практичен формат на учење.
Во WINGS веруваме дека движењето не е само физичка активност, туку начин на растење, поврзување и учење заедно. Преку секој чекор, секоја игра и секој предизвик, децата ја градат својата самодоверба и љубовта кон учењето – вредности што ги носат со себе низ целиот живот.
Leave a Reply