Примерок на дневен распоред
Ние веруваме дека добро структурираната дневна рутина е клучна за чувството на сигурност и развој на детето.
Дневен распоред за деца од
6 до 24 месеци
Активност | Време |
Пристигнување | До 8:30 |
Појадок | 8:45 |
Едукативни активности | 9:30 |
Слободна игра и истражување на отворено | 10:30 |
Ручек | 11:30 |
Пасивен одмор (спиење) | 12:30 |
Слободна игра | 15:30 |
Заминување | До 18:00 |
Дневен распоред за деца од
2 до 4 години
Активност | Време |
Пристигнување | До 8:30 |
Утринска гимнастика | 8:40 |
Појадок | 8:50 |
Едукативни активности | 9:15 |
Прошетки на отворено | 11:00 |
Ручек | 12:00 |
Пасивен одмор (спиење) | 12:45 |
Слободна игра | 15:30 |
Заминување | До 18:00 |
Дневен распоред за деца од
4 до 6 години
Активност | Време |
Пристигнување | До 8:30 |
Утринска гимнастика | 8:40 |
Појадок | 8:50 |
Едукативни активности | 9:15 |
Прошетки на отворено | 11:00 |
Ручек | 12:00 |
Пасивен одмор (спиење) | 12:45 |
Слободна игра | 15:30 |
Заминување | До 18:00 |
Активности и дневни рутини

Организацискиот и програмскиот распоред на установата опфаќа грижа, престој, нега, исхрана, едукативни, спортско-рекреативни и културно-забавни активности за деца од шест месеци до шест години. Целокупните активности во градинката се насочени кон подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата. Децата се чувствуваат безбедно и прифатено и можат безбедно и релативно независно да го истражуваат светот преку активности соодветни на возраста.
Градинката поседува:
- Една занимална за јасли. Опременa е со дрвени креветчиња за деца и и богат избор на дидактички материјали и играчки за деца од оваа возраст.
- Четири училници за деца од две до шест години - градинката има креветчиња специјално дизајнирани за предучилишни установи и богати дидактички материјали и катчиња за поттикнување на развојот на децата.
- Тоалети наменети за деца.
- Кујна во која се прима подготвената храна и се доделува на децата.
- Специјално дизајнирани сали за состаноци за средби со родители.
- Голем, затворен и безбеден двор во кој се изведуваат активности за физичко образование, забавно-рекреативни активности и еколошки активности.
- Соба за изолација за болни деца опремена со кревет.
